Олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски вчера реагираше на одлуката на Агенцијата за млади и спорт да не му го додели најголемиот ваучер, парична помош која спортитите, клубовите и федерациите ја добиваат секоја година
Иако го постигна најголемиот успех за Македонија на Летните олимписки игри во Токио и го освои сребрениот медал, а потоа беше избран и за најдобар спортист во 2021 година, најголемиот ваучер заврши кај светскиот вицешампион во карате, Емил Павлов 500.000 денари.
Првиот човек на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски во изјава за „Фокус“ се обиде да ја објасни целата ситуација.
„За тој случај мислам дека станува збор за грешка. Во понеделник ќе има владина комисија и ќе бидат разјаснети сите недоразбирања. Такво нешто се случи и минатата година и верувам дека се ќе биде во ред“, изјави Мојсоски.