Реал Мадрид сака да организира натпревар помеѓу Роџер Федерер и Рафаел Надал на реновираниот стадион „Сантијаго Бернабеу“.
Според „As“, мадридскиот клуб планира да организира ревијален натпревар кога ќе завршат работите на стадионот во летото 2023 година.
Монтажната трева ќе му овозможи на Реал Мадрид да постави каква било подлога потребна за настани од секаков вид.
Вреди да се напомене дека Надал е навивач на Реал Мадрид.
Федерер неодамна го најави своето пензионирање. Неговиот последен турнир ќе биде Лејвер купот во Лондон следната недела. (МИА)