петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

САД и Велика Британија се одвоија од Меѓународната боксерска асоцијација и создадоа нова светска организација

САД и Велика Британија се одвоија од Меѓународната боксерска асоцијација и создадоа нова светска организација
AppleMark

На прес-конференција, челниците на новата организација, која е регистрирана во Швајцарија и ќе се вика World Boxing, изјавија дека ќе бараат признание од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).

Земјите кои во оваа фаза влегуваат во новата организација се оние кои се приклучија на бојкотот на светските првенства во машка и женска конкуренција поради приемот на натпреварувачи од Русија и Белорусија.

Меѓу нив се Канада, Холандија, Шведска и Чешка. Сите тие не се согласуваат со постапките на ИБА, со која раководи рускиот олигарх Умар Кремлев.

Во меѓувреме, ИБА го повика МОК да го одземе статусот на олимписки квалификации на претстојните летни Европски игри во Полска.

На форумот ќе бидат распределени првите квоти за Олимписките игри во Париз следната година, додека такви квоти нема да има за мажите на Светското првенство во Узбекистан.