Сергеј Стаховски веќе неколку дена е доброволец и им се приклучи на украинските воени единици во Киев, па откако даваше интервју за светските тениски медиуми и откри дека добил порака од Новак Ѓоковиќ, сега ја проследи истата и ја покажа на цела јавност.
Украинскиот тенисер реши да ја брани својата татковина од инвазијата на руските воени единици и го замени тенискиот рекет со пушка, а во последно време е активен и на социјалните мрежи каде последно ја објави и Ватсап пораката која ја добил од српскиот тенисер.
Стаховски во едно интервју обелодени дека Ѓоковиќ е единствениот од „големата тројка“ кој му пишал порака и се загрижил за неговата состојба, но сега на цел свет му долови кои зборови ги употребил популарниот Ноле.
– Стако, како си? Дали си во воениот фрнт? Мислам на тебе, се надевам дека наскоро ќе се смири се. Те молам јави ми како можам да помогнам, која е најдобра адреса за тоа…. Мислам финансиски или било каква друга помош, – гласи пораката на Ноле за која Стаховски сега јавно се заблагодари.
– Ти благодарам за поддршката. Украина е благодарна.