Дуелот на великаните помеѓу Мајк Тајсон и Рој Џонс Јуниор, кој се одржа во Лос Анџелес, заврши нерешено. Тајсон беше подоминантен во рингот, како што покажа статистиката, но судиите одлучија борбата да заврши без победник.
Мајк Тајсон од оваа борба заработи речиси 10 милиони долари за учество во ревијалниот бокс меч, а неговиот ривал, Џонс Јуниор, доби три пати помалку пари.
Она што е интересно е што Тајсон вети дека сите пари што ги заработи од овој меч ќе ги донира во хуманитарни цели.
-Задоволен сум од овој исход. Среќен сум што се борев и сигурно ќе се повтори, рече Тајсон