среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Тенисерите загубија и од Кипар и остануваат во Третата европска зона

Тенисерите загубија и од Кипар и остануваат во Третата европска зона

Македонската тениска Дејвис Куп репрезентација со пораз од Кипар ги заврши настапите на турнирот во Третата европска зона кој се одржа во Ларнака.

Прашањето околу победникот беше решено по сингл-мечевите. Амар Хусеиновиќ загуби од Стилијанос Кристодолу со 0-2 во сетови (1-6, 2-6), а исто така пораз доживеа и Обрад Марковски од Менеалос Ефстатиу (1-6, 2-6).

Така, натпреварот во двојки не е важен за пласманот. Покрај од Кипар, Македонија загуби и од Молдавија и останува во Третата европска зона.

На последниот натпревар не настапи најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски, веројатно поради повреда, откако претходно го предаде сингл-мечот со Молдавците.