Француската скијачка Теса Ворли ја заврши кариерата на 33 години. Двократната шампионка на Светскиот куп во велеслалом (2017, 2022), во текот на 17-годишната кариера учествуваше на 254 трки, постигна 16 победи и имаше 36 пласмани на подиумот.
Кралицата се поклонува, благодарам за сè, Теса Ворли – објавија од Француската скијачка федерација.
Ворли е родена во 1989 година и ја имаше најдолгата кариера меѓу скијачките од Светскиот куп. На последната трка, која ја возеше викендов во Солде, заврши на 11. место во велеслалом.