понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Тројца македонски боксери ќе настапaт на турнир во Црна Гора

Тројца македонски боксери ќе настапaт на турнир во Црна Гора

Македонија ќе настапи со тројца боксери на Меѓународниот турнир „Куп на Црна Гора“ во Будва од 18 до 24 мај. Тоа се младите боксери Петар Арсовски, Леонард Лимај и Енес Алиу. На турнирот ќе учествуваат боксери од 17 земји.

Покрај нашите боксери ќе настапат боксери од Украина, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Шведска, Литванија, САД, Белгија, Сиера Леоне, Грузија, Азербејџан, Палестина, Узбекистан и Црна Гора.