среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ВИДЕО: Верстапен под истрага, полицијата има снимка како доказ

ВИДЕО: Верстапен под истрага, полицијата има снимка како доказ

Полицијата покрена истрага против холандскиот возач на Ред Бул Рејсинг и двократен шампион во Формула 1, Макс Верстапен поради пребрзо возење во Монако.

Верстапен се најде под истрага откако неговиот пријател Марк Кокс ја објави снимката на социјалните мрежи.

На видеото се гледа како Макс вози Aston Martin Valyrie, еден од најбрзите автомобили во светот, кој вреди повеќе од 2 милиони евра. Холанѓанецот наводно возел побрзо од дозволената брзина од 90 km/h на автопатот Ница Норд.

Сега полицијата го користи видеото од возењето како доказ и го истражува случајот, а Верстапен треба да добие најмалку парична казна.