понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Волкановски официјално закажа реванш против Махачев

Волкановски официјално закажа реванш против Махачев

Австралискиот борец со македонско потекло, Александар Волкановски, доби шанса да се бори за титулата во лесна категорија, откако и официјално е потврдено дека на 21-ви октомври на УФЦ 294 настанот во Абу Даби, ќе се бори со Русинот Ислам Махачев.

Шампионот Махачев кој го победи Волкановски во нивната претходна борба, требаше да ја брани титулата против Чарлс Оливеира, но Бразилецот Оливеира се откажа поради повреда, па на негово место влетува Волкановски кој е шампион во перолесна катеторија, и ќе има прилика да му се реваншира на Махачев.