сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Андреас Паличка потпиша за ПСЖ

Андреас Паличка потпиша за ПСЖ

Шведскиот ракометен голман Андреас Паличка од следното лето ќе има нов клуб, откако се реши да ја прифати понудата на францускиот гигант Пари Сен Жермен.

Искусниот чувар на мрежата потпиша двегодишен договор со тимот предводен од поранешниот македонски селектор Раул Гонзалез, но истиот ќе стапи во сила во јуни 2022 година.

За репрезентацијата на Шведска дебитираше во 2007 година и досега запиша над сто настапи на официјални натпревари.