Левиот бек на Вардар, Вуко Борозан денеска имаше операција на коленото. Со цел побрзо да биде подготвен за вториот дел од сезоната, Црногорецот мораше да се подложи на хируршки зафат.
– Операцијата мина добро. Им благодарам на сите што се грижеа за мене и моето здравје. Следува пауза од два месеца, вели Борозан, цитиран од клупскиот сајт.
Екипата на Вардар викендов треба да игра меч од Лигата на шампионите против Мешков Брест во Белорусија. На местото на Вуко Борозан за Брест отпатува Словенецот Грегор Оцвирк.
Покрај мечот со Мешков за „црвено-црните“ останува и домашниот меч во ЛШ против Кјелце на 1 декември, и плус уште пет средби од СЕХА лигата. Вардарци имаат домашни средби со Извиѓач и Татран и гостувањата кај Металург, Железничар и Стеауа.