Вардар доживеа пораз кај српска Војводина за крај од групната фаза, но од овој меч доаѓа голот на колото во главна улога руското крило Тимур Дибиров.
Искусниот ракометар погоди од „мртов агол“ откако шутираше над главата на голманот на Војводина, а погодокот не остана незабележан од СЕХА-лигата, па му се додели едно признание.
Голманот на Еурофарм Пелистер, Градимир Чаневски уште еднаш се најде во Топ изборот на СЕХА лигата во оваа натпреварувачка сезона.
Чаневски овојпат е на местото број еден кога се во прашање одбраните за месец април. Неговата интервенција во пресметката против Татран Прешов се најде во изборот на медиа тимот на регионалната лига .
https://www.youtube.com/watch?v=tWRUM-LJAMA&feature=emb_title