понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Червар со емотивна изјава одговори на критиките: Никогаш во мојата земја не сум го доживеал ова

Червар со емотивна изјава одговори на критиките: Никогаш во мојата земја не сум го доживеал ова

Хрватска прикажа фантастичен ракомет оваа вечер и сосема заслужено ја победи Норвешка со 32:28. Селекторот Лино Червар доби многу навреди во последните неколку денови и обвинувања дека веќе е застарен тип на тренер за овој модерен ракомет, а откако неговата Хрватска се прикажа во најдобро светло во триумфот над силната Норвешка, Лино одлучи да се пожали за третманот кој го добива во својата родна земја.

Черва псоле мечот со Норвешка изјави дека играле модерно на првите два натпревари, на кои сепак не одиграле така добро. За неупехот со Шведска, Червар вели дека скандинавците ги фатиле на спиење.

-Никогаш во мојата земја не сум го доживеал ова. Никогаш не сум добил толку навреди како во претходните неколку дена. Тоа ми го прават цела кариера, за жал, кај нас тоа е нормално. Не сум светец, и јас грешам, но треба да се има достоинство. Навистина сум многу чувствителен на навреди, рече Червар.

Што се однесува до денешниот меч, Червар вели дека играле еден модерен ракомет, одбраната била гранитна и го направиле најважното.

-Ја спречивме нивната напаѓачка транзиција. Сите играчи денес беа фантастични, а посебно публиката. Многумина сметаа дека во Загреб нема да имаме поддршка како во Сплит, но јас знаев дека навивачите ќе се вратат, посочува Лино.