четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Чиле славеше над Саудиска Арабија во првиот меч од Президент купот

Чиле славеше над Саудиска Арабија во првиот меч од Президент купот

Репрезентацијата на Чиле ја победи Саудиска Арабија со 26-23 во првиот меч од Президент купот во кој играат губитниците од првата фаза на СП 2023. Чилеанците славеа на крилата на Ервин Фечтман кој постигна 8 гола, а капитенот Салинас се истакна со 5 гола. Кај Арабија 7 погодоци постигна Ал Абдулали.

Во оваа група 1 се уште Јужна Кореја и Уругвај кои вечерва ќе играат меѓу себе.

Во другата група е Македонија со африканските репрезентации Мароко, Тунис и Алжир. Ние го отвараме Купот со мечот со Алжир утре од 15:30 часот.