Во интервјуто за „Моцарт Спорт“ рускиот ракометар Тимур Дибиров изјави дека планот му беше да ја заврши кариерата во Вардар, но немаше можности да остане во Скопје.
– Многу сум среќен што сум толку ценет во Вардар. Мојот план беше кариерата да ја завршам во Скопје. Ниту Вардар, ниту јас не сакавме да се разделиме, но имаше проблеми, немаше можност да останам, па минатата година завршив во Загреб. Благодарен сум на сегашниот клуб што ми даде шанса, што ми овозможи во 40-та година да играм во Лигата на шампионите и да ја добијам наградата за најдобро лево крило. Мислам дека го направив вистинскиот потег, се чувствувам добро во Загреб – се зборовите на Дибиров.