Вардар успеа да се пласира на фајнл-фор турнирот во Лигата на шампионите во Келн, откако вчера успеа да доживее сладок пораз од 27:28 на домашен терен од Кил, што беше доволно откако во „Шпаркасен Арената“ претходно победија со 28:29, па поради повеќе постигнати голови на гостински терен се радуваа вардарци.
Како и секогаш, ЕХФ повторно избра тим на колото, а во него имаше место за еден вардарец, тоа е Црногорецот Вуко Борозан. Тој вчера со шест голови беше најдобар стрелец против Германците, а головите може да се каже дека беа постигнувани во клучни моменти.
Најдобрите од вторите четвртфинални натпревари можете да ги видите ТУКА
Покрај тоа што беше во тимот на колот, за експлозивниот бек на Вардар имаше место и во категоријата најубави голови, неговиот силен удар кон голот на Ландин се најде на второто место.
ТУКА можете да ги погледнете петте најубави голови.
ФОТО: РК Вардар