Репрезентативецот на Шведска во редовите на Кил, десното крило Никлас Екберг ќе паузира одреден временски период поради повреда на десната нога.
Доколку рехабилитацијата на 34-годишниот ракометар се одвива на посакуваното ниво, тогаш неговата пауза ќе трае најмалку еден месец.
Тоа значи дека Екберг ќе ги пропушти дуелите против ПИК Сегед, Целје и Елверум во рамки од групната фаза во Лигата на шампионите.
Екберг освен на последните три натпревари од групната фаза во елитното европско натпреварување ќе отсуствува и на три дуели од Бундес лигата.