понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Еурофарм Пелистер го совлада Вардар и го освои ракометниот Суперкуп

Еурофарм Пелистер го совлада Вардар и го освои ракометниот Суперкуп

Еурофарм Пелистер од Битола ја прекина доминацијата на Вардар 1961 во Суперкупот и славеше со (22-31) кој се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје како најава за сезоната која следи во македонскиот ракомет.

Вардар имаше три титули во низа, но „зелените“ на Жељко Бабиќ успеаја да го детронизираат неприкосновениот ривал во ова натпреварување.

Вујовиќ на овој меч одлучи да одмори повеќе од новите ракометари, претежно се ротираше, но сигурно е дека овој пораз на Вардар е добра најава за сезоната која следи и дека ќе биде доста интересно.

За Еурофарм Пелистер ова е воедно прва домашна титула откако се припоија двата битолски клуба, или прв трофеј по 16 години, по двојната круна во 2005 година.

Најдобар кај стрелците беше Стипе Мандалиниќ со шест гола, пред Јосип Периќ со пет, а одличен меѓу стативите беше новиот голман на Еурофарм Пелистер, Мартон Секељи, со 12 одбрани, од кои седум беа во вториот дел.

Кај Вардар, Дибиров даде седум гола, пред Талески со пет.

foto:gol.mk