недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Ф4 во СЕХА лигата се сели во Русија, домаќин Санкт Петербург

Ф4 во СЕХА лигата се сели во Русија, домаќин Санкт Петербург

Во пресрет на завршницата од групната фаза во дивизијата Југ во СЕХА лигата, раководството на регионалното натпреварување објави дека овосезонскиот завршен турнир ќе се одржи во Русија, поточно во Санкт Петербург од 6 до 8 јуни.

На него ќе учествуваат четирите најдобри екипи по завршувањето на четвртфиналната фаза меѓу најдобрите тимови од дивизијата Исток и Југ.

Што се однесува до Истокот, во кој учествуваат руски и белоруски тимови, во плеј-офот се пласираа Чеховски Медведи , Мешков Брест  СКА Минск и Перм Медведи.

Во групната фаза на дивизијата Југ остануваат уште два натпревари во групата Б меѓу Татран и Партизан на 21 и 27 март. После тоа ќе бидат објавени двојките за плеј-офот.

Веспрем и Загреб стартуваат од нокаут-фазата со оглед дека се финалисти од минатата сезона. Распоредот од плеј-офот во дивизијата Југ.

Во периодот од 21 до 22 април ќе се одиграат реванш натпреварите од четвртфиналето:Победниците од оваа фаза  учествуваат на Ф4 турнирот кој од 6 до 8 јуни ќе се одржи во „Сибур Арената“ во Санкт Петербург.