петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

„Фалангата“ се мобилизира – сите патишта водат кон Краков!

„Фалангата“ се мобилизира – сите патишта водат кон Краков!

Македонската ракометна репрезентација и на ова Светско првенство ќе има поддршка од трибините. „Фалангата“ се мобилизира од сите страни. Дел од фановите ќе бидат од Македонија, дел ќе дојдат од земјите надвор, сите со една цел – да им дадат ветер во грб на младите ракометари.

Во Арената Таурон треба да има над 500-македонски навивачи. Дел од нив веќе ги запалија автомобилите и тргнаа кон Краков, веќе добро познато место. Во овој град пред седум години Македонија играше на ЕП.

Нашите ракометари уште денеска ќе бидат во Скопје, утре со чартер лет ќе заминат за Краков, а веќе на 13. овој месец го играат првиот меч, за противник ја имаат селекцијата на Норвешка.

Фото: sportmedia.mk