Инцидент се случи на ракометното дерби Вардар – Еурофарм Пелистер во салата „Јане Сандански“.
Една минута откако на навивачите од навивачката група Чкембари им беше дозволен влез во салата, настана инцидент.
Комитите и Чкембарите започнаа да палат и фрлаа факели едни кон други, а дел од пиротехничките средства завршија кон клупите на двата клуба.
Во еден момент дел од навивачите влетаа на теренот.
Играчите и судии се повлекоа од теренот и во моментов натпреварот е во прекин.