Анте Гаџа потврди дека е нов играч на РК Вардар, средниот бек од Хрватска во изјава за медиумитего потврди ангажманот.
Иако ППД Загреб тврдеше дека Гаџа нема да ги напушти, сепак Хрватот е нов играч на Вардар.
„По заминувањето на Сташ Скубе, Вардар бараше замена, тие го контактираа мојот менаџер, а јас веднаш прифатив. Сакам да игра за Вардар затоа што се европски шампиони и тоа е чекор напред во мојата кариера“ – изјави Гаџа за хрватските медиуми.