понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Германскиот голман со шокантно тврдење за спорната ситуација

Германскиот голман со шокантно тврдење за спорната ситуација

Натпреварот помеѓу Словенија и Германија од вчера, засекогаш ќе остане запаметен како еден од најконтроверзните на сите ЕП досега.

Познато е дека Словенија ја загуби победата откако по долго гледање на видеото што овозможува од ова ЕП оваа новина, Германија доби пенал последните секунди од натпреварот, шутираа и изедначија на 25:25, а Словенија остана без бод и прва победа.

Но уште пошокантно е она што го рече голманот на Германија, Силвио Хеиневетер.

Тој тврди дека дел од ракометните правила тој лично им ги објаснил на судиите, па овие по согледувањата на снимките пресудиле во нивна корист.

Знаев за тоа правило и веднаш откако Словенците го блокираа шутот на Друкс од центарот, им го реков тоа на судиите, а тие пресудија“, порача Хеинветер.

Да потсетиме дека во правилникот на ИХФ од 2015 година, стои дека ако во последните 30 секунди, топката не е во игра а играчот одолговлечува или спречува противникот да ја изведе теопката или шутне кон голот на противникот, судијата мора да го дисквалификува и да дозволи да се шутира пенал кај противникот.