Вардаровиот херој, златната лева рака на Вардар и на македонскиот ракомет, левата рака која донесе европска круна за црвено- црните, вчера одбрани и спаси гол за својата репрезентација Хрватска.
Хрватска вчера дојде до втората победа на Европското првенство откако го совлада Исланд со 29:22, а Иван Чипиќ го имаше потегот на мечот.
Вардарците блескаа во дресот на Хрватска, Циндриќ и Карачиќ беа најдобрите играчи на теренот, а Чупиќ го имаше потегот на мечот кога голмански пожртвувано се фрли по топката и не дозволи празната мрежа да биде затресена.