Повредата што ја заработи Дарко Ѓукиќ на гостувањето во Прилеп се чини дека е од посериозен карактер.
Ѓукиќ на почетокот на вториот дел, незгодно доскокна и беше на раце изнесен од теренот. Се стравува дека настрадале предните вкрстени лигаменти.
Ако се потврди најлошто сценарио, тоа би значело пауза од околу шест месеци под услов се да се одвива во најдобар ред. Вардар на позицијата десно крило, во моментов го има уште и Гоце Георгиевски.