Сезона како ноќна мора за Веспрем, така наједноставно може да се објасни, ноќна мора за фановите на унгарскиот великан. Во последниот натпревар останаа кратки против Пик Сегед и така прв пат после 10 години ја изгубија титулата шампион на Унгарија. Шок, тага, бес… Навивачите, а веројатно и челниците на клубот, тешко ќе поминат преку ова и Љубомир Врањеш најверојатно ги брои последните денови од својата кратка авантура во Унгарија, авантура од која се очекуваше многу и големи резултати.
-Во првиот натпревар Пик Сегед победи дома со 32:28, а во реваншот Веспрем славеше со недоволни 29:26, па помалиот тим од Унгарија можеше да го почне своето големо славје. Веспрем пак го чекаат големи промени, ќе биде раздвижено во соблекувалната, а еден од оние кои можеби ќе заминат е и тренерот Врањеш, барем ако би прашате навивачите, кои веќе го поздравија, тие после шокантното губење на титулата скандираа: Auf Wiedersehen.
-Не се чесни. Имавме шест повредени играчи. Што сакаат јас да излезам на теренот и да играм? Или некој друг? Не е чесно, изјави Врањеш.
Е сега дали фановите на Веспрем се чесни и каква е судбината не може да знаеме, но фактот дека еден од најдобрите ракометари во историјата и тренер кој со голем успех го водеше Фленсбург во раце го доби вториот најскап тим во светот, а сезоната ја заврши со освоен куп на Унгарија. Во Лигата на шампионите испадна во осминафиналето, првенството го загуби по 10 титули освоени по ред. Оваа сезона е далеку од успешна за унгарскиот великан.
Тимот за кој следната сезона ќе настапува најдобриот голман на светот и актуелен голман на Вардар има навистина одличен состав. Голманскиот двоец Миклер- Алиловиќ изгледа навистина моќно, тука е и Македонецот Дејан Манасков, кој левата крилна позиција ја дели со шпанецот Угалде, Гајиќ и Маргуч прават одлична двојка на десната крилна позиција. Сите бековски позиции се одлично покриени, таму се Момир Илиќ, Акамбр, капитенот Наѓ, Тонесен, Ненадиќ, Лекаи… Одлична покриеност имаат и на пикерската позиција, таму се Шуч, Нилсон, Благотиншек и Сулиќ.
Во Сегед пак го слават својот Шпанец, Хуан Карлос Пастор, кој титулата ја посвети на оние кои го донесоа до неа.
-Им благодарам на играчите, работеа напорно цела сезона за ова и ова првенство им го посветувам на нив. Но и на мојот татко кој почина минатата година и кој секогаш ме прашуваше кога ќе го победиме тимот на Чема(Чема Родригез, поранешен играч на Веспрем).