четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Градимир Чаневски и Тимур Дибиров во тимот на месецот во СЕХА лигата

Градимир Чаневски и Тимур Дибиров во тимот на месецот во СЕХА лигата

Балканското ракометно натпреварување СЕХА-лигата денеска го објави идеалниот тим за месец март, во кој има место и за членовите на македонските претставници, Еурофарм Пелистер и Вардар.

Голманот на „пелистерци“, Градимир Чаневски, е избран за најдобар голман во СЕХА за март, додека Тимур Дибиров од Вардар е најдобро лево крило во регионалното натпреварување.