понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Херојот на Вардар од минатата година: Не мора да биде Чупиќ, само нека биде титула

Херојот на Вардар од минатата година: Не мора да биде Чупиќ, само нека биде титула

Минатата година тој беше стрелец на голот за историската титула на Вардар во Лигата на шампионите. Иван Чупиќ и сега е подготвен да го даде најдоброто од себе и да му помогне на својот тим да го одбрани трофејот.

– Не треба да биде Чупиќ, само нека биде титула. Сакам да го направиме она што никој досега не успеал, да ја одбраниме титулата. И лани и оваа година ситуацијата е иста за нас, одиме на титулата без оглед на тоа што ќе се случи. Монпеље е незгоден тим, изненади во Лигата на шампионите бидејќи почна од долниот ешалон, а стигна до завршниот турнир.

– Наша шанса може да биде што не менуваат многу, играат со мал број ракометари, исти играчи играат во одбрана и напад, а на некои позиции се и послаби од нас. Нашата шанса е Арпад Штербик и одбраната 5-1, изјави херојот на Вардар од ланскиот фајнал-фор.