вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Хорват: Ме боли глава од резултатот против Македонија

Хорват: Ме боли глава од резултатот против Македонија

Хрватска и Македонија заборавија на играта во одбрана на натпреварот кој се играше во Пореч и гледавме возбудлива пресметка со вкупно 74 погодоци, што можеби е и нормално за еден подготвителен меч пред Светското првенство.

Ракометарите на Кирил Лазаров играат доста опуштено и покажаа добри решенија во нападот, но дефинитивно ќе мора да се обрне внимание на играта во одбраната.

Истиот заклучок го има и хрватскиот селектор Хрвоје Хорват, кој по победата од 40:34 истакна дека го заболело глава од бројките на семафорот.

– Атмосферата беше неверојатна, цела сала беше полна и тоа беше изненадувања за нас. Истовремено беше и мотив плус за да оствариме победа.

– Го направивме тоа, но искрено ме боли глава од резултатот. Не бевме добри во дефанзивен план. Одбрана се игра со нозе, а не се раце. Многу му дозволивме на притивникот во деветте метри. Одбраната не смее да страда поради траннзицијата во напад и мора да работиме на тоа до почетокот на Светското првенство, – изјави Хорват.