Вечерва на отворањето на Европското ракометно првенство домаќинот Хрватска ја пречекува Србија (20.30 часот) во големото дерби на континенталниот шампионат.
Дуелот кој меѓу навивачите секогаш ги крева тензиите и создава закана за нови инциденти, меѓу спортистите е сосема поинаков. За ракометарите овој натпревар е едно големо спортско ривалство.
Двајца пријатели и соиграчи од Загреб решија да испратат силна порака со една заедничка фотографија.
Станува збор за хрватскиот репрезентативец Златко Хорват и Србинот Добривоје Марковиќ, чија пријателска преггратка е испратена преку службената страница на Загреб на Твитер.