сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Ивица Обрван веќе не е селектор на Босна и Херцеговина

Ивица Обрван веќе не е селектор на Босна и Херцеговина

Ракометниот тренер Ивица Обрван одлучи да си замине од клупата на Босна и Херцеговина.

Хрватскиот стратег потпиша четиригодишен догово пред една година, но поради проблеми во односот со челниците на федерацијата донесе одлука да ја напушти селекторската позиција во босанската репрезентација.

„Почитувани, сакам да ве информирам дека одлучив да ја прекинам соработката со БиХ, поради тоа што федерацијата не ги исполнува своите обврски. Би сакал да им се заблагодарам на навивачите за поддршката, на играчите за одличната соработка што ја имавме изминатава година. Сигурен сум дека ќе продолжат таму каде што застанавме откако се изборивме за место на Европското првенство во Унгарија и Словачка“, напиша Обрван во своето соопштение.

БиХ во следниот период ќе ја предводи досегашниот помошник на Обрван, Тони Чолина.