Ракометарките на Јужна Кореја го освоија трофејот на Светското првенство за девојки до 18 години што изминатите две седмици се играше во Скопје.
Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“, корејските јуниорки во финалето славеа победа над врсничките од Данска со 31:28.
Во предигра на големото финале, Унгарија ја победи Холандија со 27:26 и го освои бронзениот медал.
На овој шампионат во добро издание се покажаа македонските ракометарки кои беа многу блиску до пласман во четвртфиналето, но на крајот го освоија 12. место.