понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Катастрофа во загрепска „Арена“: Франција ја демолира Хрватска по 30 минути игра

Катастрофа во загрепска „Арена“: Франција ја демолира Хрватска по 30 минути игра

Лино Червар и хрватските ракометари се пред елиминација на Европското првенство кое се игра токму во Хрватска.

По 30 минути игра, Хрватите губат со шест погодоци разлика, односно Франција има убедлива предност од 19:13.

На Хрватска потребно и е или да победи, или пак да изигра нерешено за да се најде на едно од првите две места во групата во Загреб, кои водат во полуфинале.

Хрватските голмани Иван Стевановиќ и Мирко Алиловиќ бранат очајно, па за 30 минути двајцата успеаја да одбранат едвај две топки.

По израмнетиот почеток, следуваше голем пад во играта на Хрватска и огромен број на технички грешки во нападот, па играта без голман беше погубна за домаќинот, кој прими многу лесни погодоци.

Доколку Франција победи, тогаш таа ќе заврши како прва во групата, додека Шведска ќе биде втора.

Во Вараждин пак, по 30 минути игра, Шпанија има минимална предност против Германија со 14:13. Победникот ќе и се приклучи на Данска во полуфиналето.