вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Ќе го признаат Косово па решија да ја навредуваат Македонија: Српски Партизан го допре дното

Ќе го признаат Косово па решија да ја навредуваат Македонија: Српски Партизан го допре дното

Вардар 1961 претрпе пораз од Партизан во Белград со 22-28 во меч од СЕХА лигата кој мина во знакот на голманот на домашните, и националистичките скандирања на српските навивачи.

За вадарци ова е болен пораз, бидејќи во Скопје, победата на Црвено-црните беше изразена со пет гола разлика.

Голманот Андреј Трнавац имаше дури 20 одбрани и беше најзаслужен за ваквата победа. Кај Вардар, Филип Талески даде 9 гола, но ниту еден друг немаше повеќе од три.

Навивачите на Партизан имаа грчко знаме, пееја навивачки песни на солунски ПАОК, скандираа: „Јужна Србија, никогаш Македонија“, а извадија и транспарент на кој пишуваше дека Комити е српско име и дека славеле „бугарски“ војник (се мисли на Гоце Делчев).