сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Кил оди во Келн на Ф4, елиминиран моќниот ПСЖ

Кил оди во Келн на Ф4, елиминиран моќниот ПСЖ

Кил и ПСЖ одиграа спектакуларен натпревар во ревашот од четвртфиналето во Лигата на шампионите на кој после голема борба славеше Кил со 33:32 и обезбеди пласман во Келн. Судии на овој меч беа нашите најдобри арбитри и едни од најдобрите светски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Најефикасни во составот на Кил беа Ландин Јакобсен со седум гола и Рјанкин и Винцек кои постигнаа по шест гола. Во составот на ПСЖ најмногу се истакна Недим Ремили кој постигна осум гола, а одлична поддршка имаше од Жерард кој имаше 15 одбрани.