среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Лазаров: Добивме екстремно тешка група, ќе биде нескромно да велиме дека сме оптимисти

Лазаров: Добивме екстремно тешка група, ќе биде нескромно да велиме дека сме оптимисти

Кирил Лазаров го дозна и исходот од ждрепката за Европското првенство кое ќе се игра наредната година и на која ќе учествува нашата репрезентација.

Македонскиот селектор ќе има нов голем предизвик наредниот јануари бидејќи нашата репрезентација се најде во групата А во кој се две ракометни велесили.Франција и Германија се апсолутни фаворити за освојување на првите две места во групата, а Лазаров во првата своја изјава вели дека главна цел ќе биде Македонија да понуди достоинствена борба против големите великани.

– Добивме екстремно тешка група за Европското првенство. Ќе работиме напорно во наредниот период за да го подигнеме наето ниво во следниот период, се со цел достоинствено да се бориме со светските велесили. Ќе звучи навистина нескромно да се биде оптимист во ваква група, но не треба да се губи надеж. Треба да направиме многу жртва и треба голема посветеност за да направиме нова, компетитивна репрезентација со целосна промена во генерациите. Јас верував во овие момци и тоа што го работиме, – изјави Лазаров по ждрепката.