среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Лазаров: Многу ќе ни значи поддршката на Македонците во Злин

Лазаров: Многу ќе ни значи поддршката на Македонците во Злин

Кире Лазаров е свесен за тежината на предизвикот на денешното гостување против Чешка, во салата во Злин во која македонските ракометари вообичаено се соочувале со доста проблеми.

Според македонскиот селектор и капитен, клучно ќе биде да се издржи првиот налет на домашната селекција, а како голем плус за Македонија го наведе присуството на најавените стотина фанови на „фалангата“ во Злин.

„Мислам дека поголем дел од овие 16 ракометари кои ќе играат денеска го имаат почувствувано теренот во Злин, знаат дека не е едноставно, дека првиот налет на Чесите е силен и тежок да се издржи. Ќе бидеме фокусирани и подготвени да одговориме на тоа. Знаеме дека Чесите се оптимисти, дека веруваат дека можат да дојдат до СП, но ние веќе ги имаме елиминирано. Мислам дека сме подготвени, дека сме сконцентрирани… ме радува формата на нашите репрезентативци во пресрет на овој бараж. Имаме прецизно доделени задачи на ракометарите и верувам дека ќе се исполнат и дека ќе одиграме добар натпревар. Многу ќе ни значи поддршката, ќе имаме наши навивачи, а на оваа наша репрезентација секогаш и е добредојдена поддршка од македонската фаланга и тоа ни е дополнителен ветер во грб“, вели Лазаров во пресрет на мечот.

Брзата игра е заштитен знак на новиот чешки селектор, но и македонскиот кормилар верува дека нашите ракометари можат да одговорат со иста мера.

„Познавајќи го Сабате знам дека тој ќе инсистира на висок ритам на игра во текот на сите 60 минути, ние ќе треба да го издржиме тој налет, ќе треба добро и квалитетно да изротираме. Мислам дека сме доволно подготвени, фокусирани за да одиграме онака како што посакуваме. Тие ќе играат брзо, но мислам дека и ние имаме и сила и младост и полетност, добро сме физички подготвени… Сигурно нема да се браниме, ќе играме брзо, но паметно… имаме доволна сила за да можеме да го издржиме тој интензитет што тие ќе го наметнат во текот на натпреварот“, порачува Кире Лазаров.