Покрај победата селекторот Кире Лазаров не е во целост задоволен од она што го одиграле неговите избраници, особено во второто полувреме.
„Им честитам на моите ракометари за победата и нивниот однос кон натпреварот. Тешко е да се одржувате мотивирани кога водите со 11 гола разлика, бев играч и го рабзирам тоа. Во второто полувреме ритамот падна, се обидовме да го искористиме за тренинг, но направивме грешки какви што не смеат да се случуваат во иднина“, изјави Лазаров