Селекторот Кирил Лазаров е задоволен од ривалите, ама предупредува дека не смее да има опуштање.
„Задоволни сме од ждрепката, иако со нашиот менталитет и карактерни особини секогаш мораме да бидеме внимателни. Сепак, не треба да се залажеме дека ќе имаме фаворитска улога за пласман на ЕП во оваа група. Медитеранските игри ќе ни послужат да испробаме и видиме играчи што би конкурирале за стартот на квалификациите, а тие се во октомври годинава. Нашата цел е да создадеме 20-25 квалитетни репрезентативци што би можеле да одговорат на обврските во кое било време и во која било ситуација“, изјави Лазаров.
Нашите ракометари стартуваат на домашен терен во месец октомври со дуел против Луксембург
foto:gol.mk