Кире Лазаров ги прави последните подготовки за одлучувачкиот меч со Чешка на патот до СП на стартот на следната година. Селекторот, по ремито во Злин, вели дека утре ги чека уште потежок натпревар.
„Задоволни сме како одигравме, иако можеше многу подобро резултатски. Меѓутоа, по две ноќи, можам слободно да кажам дека Чешка малку нè потцени, без да ги оспорам нашите играчи, напротив сакам да ги пофалам, затоа што дадовме еден екстра квалитетн натпревар, можеби еден од подобрите во изминативе неколку години. Затоа очекувам уште поквалитетна, уште поцврста Чешка и уште поподготвена тактички и стратешки. Не ме плаши воопшто противникот, меѓутоа треба да бидеме внимателни и сме внимателни засега“, изјави Лазаров.