среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Лазаров: Останувам селектор по ова, можеби ќе работам и во клуб!

Лазаров: Останувам селектор по ова, можеби ќе работам и во клуб!

Македонската ракометна легенда Кирил Лазаров објави дека по крајот на оваа сезона официјално заминува во пензија. Имаше ексклузивно обраќање пред присутните во Франција, а истакна дека не жали за трансферот во Нант и го оцени како виситнски избор.

„Нант е моја одлична одлука. Претходно играв во големи клубови, но се одлучив на Нант и не погрешив. Играв двапати на Ф4 и Европа го запозна клубот. Француската лига е најтешка и има најголема конкуренција. Се навикнав на клубот и на француската култура. Мојата приказна дојде на крајот. Ова беше тешка, но очекувана одлука. Благодарност до претседателот, играчите, капитените, навивачите. Нант има најдобра публика во Европа. Овој клуб го извлече најдоброто од мене. Клубот и градот ќе ми фалат, ама најмногу навивачите.

Ќе останам уште во ракометот, ако Ви треба џокер за некои пет до десет минути, тука сум. Се шегувам, останувам селектор, во иднина можеби ќе работам и во клуб и понатаму ќе останам дел од овој спорт.“, изјави Лазаров.

Лазаров има повеќе од 200 натпревари за Нант, а во мрежата на противниците даде преку 650 гола.