четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Лазаров откри што го загрижува: Треба позитивно да размислуваме, имаме шанса!

Лазаров откри што го загрижува: Треба позитивно да размислуваме, имаме шанса!

Денес цел ден го искористивме за нивна анализа, за време на подготовките гледавме доста нивни натпревари, ги споредувавме. Мислам дека имаме шанси, истакна селекторот на ракометната репрезентација, Кирил Лазаров пред вечерашниот натпревар на момците против Холандија.

-Треба позитивно да размислуваме. Ме загрижува повредата на Томислав Јагуриновски, тоа беше голем хендикеп и за минатиот натпревар каде што тој се повреди. Тој е играч од таков калибар кој во последно време покажува многу квалитет. Ќе ни недостасува, ни се приклучува дебитант со малку искуство, но силен потенцијал. Секој играч ни е добредојден, истакна Лазаров.