четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Лазаров: Против Турција во полна сала да го прославиме пласманот на ЕП

Лазаров: Против Турција во полна сала да го прославиме пласманот на ЕП

Селекторот Кирил Лазаров е задоволен од победата на гости кај Луксембург, која ја носи македонската ракометна репрезентација на завршница на Европското првенство кое ќе се игра следната година. Како шлаг на квалификациите, на Македонија и останува уште дуелот во Скопје против Турција, в недела во СЦ „Борис Трајковски“.

„Не беше лесно да се стигне до победата. Ние сме подобри од Луксембург и бевме фаворити, но секогаш е потешко да дојдеш до победа кога не играш дома, пред своите навивачи. Очекував дека дуелот ќе биде тежок, но најважно е дека бевме фокусирани и концентрирани во текот на сите 60 минути. Ја искористивме големата ротација и победивме: На дуелот против Турција очекувам нашите навивачи да дојдат и заедно да прославиме уште еден пласман на големо натпреварување“, изјави Лазаров по победата над Луксембург.

Македонија веќе еднаш ја победи Турција и тоа на гости со убедливи 36:27, па в недела треба да биде прослава за нашите навивачи, а ракометната селекција да ја продолжи низата од настапи на големи натпреварувања.