вторник, 2. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Лазаров се прости од Бошковски: Реткост е во денешно време да имаш блиски луѓе, а ти ми беше еден од ретките

Лазаров се прости од Бошковски: Реткост е во денешно време да имаш блиски луѓе, а ти ми беше еден од ретките

Македонскиот ракомет остана без еден од тренерите што животот му го посвети на овој спорт, Андон Бошковски.

Селекторот Кире Лазаров го упати последниот поздрав кон неговиот поранешен соработник во клубот КЛ7 и во репрезентацијата на Македонија.

„Почивај во мир, Дондо мој…

Реткост е во денешно време да имаш блиски луѓе а ти ми беше еден од ретките..

Многу нефер од твоја страна..

Направивме многу заедно

Знаевме и да се скараме но се сакавме/почитувавме

Беше многу поквалитетен од тоа што мислеа но тоа не е битно јас знаев што имам покрај себе..

Нека ти е лесна земја и светол патот..💔💔💔