Селекторот на машката ракометна репрезентација Кирил Лазаров после мечот со Португалија истакна дека мора да се поправат многу аспекти, но призна дека Македонија не можела физички да и парира на гостинската репрезентација.
„Ни недостасуваше фокус и концентрација, а тоа се добива само со играње на вакви натпревари. Треба да поправиме од се по нешто, она што беше очигледно е дека доминираа со корпулентност. Загубивме доста дуели, дефицитирани бевме на пивот позицијата, нивните двајца пикери играат во Барселона и Порто.Сепак, најважно е да се пласираме на Европското првенство, против Турција и Луксембург сме фаворити. Во денешно време не можете да победите лесно на ниту еден натпревар. Не чека вториот натпревар со Португалија ќе одиме да одиграме квалитетно и тој натпревар ќе ни послужи за поголемо искуство во иднина“, изјави Лазаров.