четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Македонија ја совлада селекцијата на Чиле и се пласираше во следниот круг од натпреварувањето на СП во ракомет

Македонија ја совлада селекцијата на Чиле и се пласираше во следниот круг од натпреварувањето на СП во ракомет

Ракометната репрезентација на Македонија ја оствари првата победа на светското првенство и се пласираше во следниот круг од натпреварувањето.

Имено со резултат 32:29 Македонија попладнево ја совлада репрезентацијата на Чиле.

Во следниот круг на натпревари ќе се натпреварува со репрезентациите од групата Х, односно македонските ракометари ги очекуваат уште три доста тешки натпревари и тоа против Русија, Белорусија и Словенија.

За играч на натпреварот беше прогласен македонскиот капитен Кире Лазаров.