сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Македонија ќе одигра четири теста против Грција како подготовка за ЕП

Македонија ќе одигра четири теста против Грција како подготовка за ЕП

Ракометната Федерација на Македонија ја објави агендата која ќе ја имаат нашите репрезентации во месеци кои следат, а во фокусот секако се најдоа следните прозорци кои ќе ги имаат избраниците на Кирил Лазаров како загревање за Европското првенство.

Македонскиот селектор ќе ја искористи првата седмица во месец ноември за две пријателски средби со Грција на нивен терен, а против истиот ривал ќе се подготвува и во јануари.

– Во рамки на спроведување на програмските активности, Ве известуваме за активностите кои во следниот период им претстојат на македонските машки ракометни селекции во сите возрасни категории, сениори, родени 2004 и помлади и родени 2006 и помлади:

– Во период од 07ми и 08ми октомври 2023 година собир и селекција на машката ракометна репрезентација родени 2006 и помлади во СС Автокоманда;

– Во период од 25.10.2023 до 29.10.2023 година машката ракометна репрезентација родени 2006 и помлади ќе учествува на меѓународен пријателски турнир во Романија, Трофеј Карпати заедно со селекциите на Египет, Романија и Црна Гора;

– Во период од 30.10.2023 до 05.11.2023 во рамки на ЕХФ машката недела во соседна Р.Грција, машката сениорска ракометна репрезентација ќе одигра два пријателски контролни натпревари со селекцијата на Грција на 03ти и 04ти ноември 2023;

– Во период од 30.10.2023 до 05.11.2023 во рамки на ЕХФ машката недела машката ракометна репрезентација родени 2004 и помлади ќе одигра пријателски контролни натпревари со селекцијата на Турција во Анкара, Турција во период од 03ти и 05ти ноември 2023;

– Во период од 14.12.2023 до 18.12.2023 година машката ракометна репрезентација родени 2004 и помлади ќе учествува на меѓународен пријателски турнир во Романија, Трофеј Карпати;

– Во рамки на подготвителниот период пред учеството на EHF EURO 2024 во Германија, машката сениорска ракометна репрезентација во Скопје ќе одигра два пријателски контролни натпревари со селекцијата на Грција на 04ти и 05ти јануари 2024 година;

– Во период од 04.01.2024 до 08.01.2024 година машката ракометна репрезентација родени 2006 и помлади ќе учествува на меѓународен квалификациски турнир кој ќе биде организиран во Скопје во СС Автокоманда, учесници на квалификацискиот турнир се репрезентациите на Косово, Словачка и Швајцарија, двете прво пласирани репрезентации ќе обезбедат учество на претстојното ЕП М18 2024 во Црна Гора;

Со почит,

Ракометна Федерација на Македонија