понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Македонија утре игра против вистински дрим тим: Од каде доаѓа најголемата опасност на Германија?

Германија во утрешниот натпревар влегува како апсолутен фаворит, што потврдуваат и квотите во обложувалниците. Сепак македонските ракометари често во минатото знаеле да им ги замрсат плановите на фаворитите, целата спортска јавност се надева дека токму така ќе биде и утре.
Македонија утре игра против вистински дрим тим: Од каде доаѓа најголемата опасност на Германија?

После два меча, две победи и четири бода, Македонија во втората фаза пренесува најмалку 2 бода, а утре игра против репрезентацијата на Германија, каде нашата репрезентација нема што да загуби, може само да добие, да добие бод или два плус за втората фаза во Вараждин.

Германија во утрешниот натпревар влегува како апсолутен фаворит, што потврдуваат и квотите во обложувалниците. Сепак македонските ракометари често во минатото знаеле да им ги замрсат плановите на фаворитите, целата спортска јавност се надева дека токму така ќе биде и утре.

Најголемата опасност од германскиот тим доаѓа и од нивниот најпознат ракометар и најдобар стрелец на тимот Уве Генсхајмер, тој досега на првенството има постигнато 16 голови.

На првиот меч кога Германија со 13 разлика ја торпедираше Црна Гора, Генсхајмер во победата од 32:19 учествуваше со 9 голови, него го следеше Друкс со пет погодоци, со по три Колбахер, Њебер и Вајнхолд, по два има Хафнер, Винчек и Кун, по еден имаа Фет, Рајхман и Јанке.

Германија вчера во меч во кој сериозно се испоти едвај извлече реми со Словенија, во натпревар кој крена многу прашина во јавноста, иако и во овој случај според обложувалниците „Панцирите“ беа големи фаворити.

Во вчерашниот драматичен трилер меч најдобар стрелец повторно беше Генсхајмер со 7 гола, него го следа Грецки и Рајман со по 4 гола, Вебер постигна три гола, по 2 имаа Вајнхолд и Пекелер, по еден гол запишаа Друкс, Хафнер и Кун.

Покрај играчите во полето голманот на Германија, Андреас Волф требаше да биде најскапиот ракометар во историјата на овој спорт, меѓутоа трансферот од Кил во Веспрем пропадна, а тој требаше да чини 2,6 милиони евра, со што ќе го надминеше оној на Никола Карабатиќ од Барселона во ПСЖ, кој чинеше 1,8 милиони евра. Волф уште следната сезона ќе игра за Кил, а потоа како слободен играч заминува во Полска, во тимот на Виве Киелце.

Инаку, Германија е актуелен бранител на тронот на Европското првенство, тие на изненадување на сите станаа европски прваци во 2016, иако многумина не им предвидуваа ниту пласман во првите десет на тој шампионат.