недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Манасков си оди, Томовски останува, Вардар има шест нови ракометари!

Манасков си оди, Томовски останува, Вардар има шест нови ракометари!

Со новата раководна структура на Вардар неодминливи се подновувањата и во играчкиот кадар, особено откако од тимот си заминаа важни играчи.

На денешната прес-конференција, Борко Ристовски потврди дека Дејан Манасков е исто така еден од оние кои си заминаа. Тој го дополнува списокот во кој се Филип Талески, Куни Моралес, Дутра Фереира и Андреј Добрковиќ.

На местото на петмината кои си заминаа плус Стојанче Стоилов, кој премина во тренерската структура на клубот, доаѓаат шест нови ракометари. Србинот Марко Срдановиќ е изборот за наследник на Манасков на левата крилна позиција. Понатаму, меѓу шесте нови играчи има најмногу леви бекови, во прв ред синот на Владимир Петриќ, Стефан Петриќ, кој дојде од Партизан, заедно со младинските репрезентативци на Португалија Нилтон Мело и Ансер Родригез.

Можеби најважни ќе бидат засилувањата на позиција среден бек, каде што досега единствено Мартин Карапалевски играше постојано и стандардно. Доаѓа јапонската сензација Косуке Јасухира, како и Словенецот Матија Николиќ, а Карапалевски и понатаму останува во тиомт.

Нема корекции на десната надворешна линија, каде што останува само Томи Јагуриновски, но Борко Ристовски не исклучи можно дополнување на ростерот.

„До овој период имаме потпишано шест играчи, за кои Недановски и Стоилов проценија дека им се потребни. До крајот на подготвителниот период можно е да приклучиме уште некој, ако тренерите проценат дека е потребно.“

ЕКИПА НА ВАРДАР ЗА СЕЗОНА 2023/24

голмани: Мартин Томовски, Васил Гогов
леви крила: Марко Срдановиќ, Марио Стојановски
леви бекови: Стефан Петриќ, Нилтно Мело, Ансер Родригез, Марко Мишевски
средни бекови: Матија Николиќ, Косуке Јасухира, Мартин Карапалевски
десни бекови: Томислав Јагуриновски
десни крила: Гоце Георгиевски, Дарко Ѓукиќ, Ален Ќосевски
пикери: Михаил Аларов, Милан Лазаревски, Стефан Атанасовски